недела, 26 февруари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Celebrity / Ретро: Сестрите Лилиана и Валентина Урибе од теленовелата „Другата во мене“ некогаш и сега!
Ви благодариме!

Ретро: Сестрите Лилиана и Валентина Урибе од теленовелата „Другата во мене“ некогаш и сега!

Две сестри- Лилиана и Валентина, два различни светови. Едната израсната во сиромаштија, едната во неизмерно богатство. Лилиана е скромна сиромашна девојка, која воопшто не знае дека постои нејзината сестра Валентина Урибе која е разгалена богаташка. Судбината ќе ги спои, а ќе се заљубат и во ист маж. Отприлика ова е кратката приказна на серијата „Другата во мене“ од 1996 година, која беше многу популарна и кај нас.

Речиси сите девојки на фризер бараа да им биде направена фризура како на Валентина, а се продаваа и траки за коса кои ги носеше Валентина во серијата. И во оваа серија двете сестри ги толкуваше иста актерка- Жералдин Живиќ- родена во Аргентина, со српско потекло. Нејзиниот татко се преселил од Србија во Аргентина и таму ја запознал нејзината мајка. Жералдин покрај Габриела Спаниќ е најпозната актерка со балканско потекло во шпански теленовели.


Оваа серија, освен што беше позната по сплетките, се памети и по тоа што за првпат се појави некој хомосексуалец во теленовела. Другарот на сестрите- Хулијан беше омилениот геј лик во оваа теленовела.

Денеска актерката која ги глумеше Лилиана и Валентина изгледа сосема различно од нејзините карактери по кои ја препознававме во серијата.

 

 

Може да ве интересира

Убавата водителка стана мајка по втор пат, еве кое име му го даде на својот син!(фото)

Водителката на “Ѕвездите на Гранд” стана мајка по втор пат Водителката на популарното шоу “Ѕвездите …