Целиот свет е воодушевен од рецептот за вкусниот нордиски палео леб, а ние ви го откриваме рецептот за лебот кој може да се употреби во повеќе начини на исхрана.
-100 грама семки од тиква
-100 грама семки од сончоглед
-100 грама бадеми
-100 грама ореви
-100грама лен
– 100 грама сусам
-100 грама афион
-100 грама вода
-5 јајца или 250 милилитри белки
-100 милилитри масло
Сите состојки треба да ги соедините и добро измешате. Ставете во загреана рерна на 160 степени / 60 минути.
Една од опциите е и сите семки да ги пуштите во блендер неколку секунди. Исто се пече и како леб од цели семки.