Целата на новиот проект под име „Seabin“ е да ги исчисти океаните и морињата од ѓубре, а тоа ќе го направи специјално пловечка канта за ѓубре кој вовлекува вода во себе, задржувајќи ги отпадоците и враќајќи филтрирана вода назад во екосистемот.
Посебна пумпа креира проток на вода и вовлекува ѓубре во кантата кое ќе се чува во вреќа која може да се замени кога ќе се наполни. Истоимената компанија Seabin вели дека во нивната канта никогаш не се фатила риба, па и во таа смисла е безбедна за користење.
По четири години тестирање, Seabin кантите сега почнале да се употребуваат во пристаништата ширум Европа.
Оваа специјална канта за ѓубре ќе чини околу 3000 евра.