Селфи стаповите веќе долго време се на пазарот, но сега се појави нов начин на правење на селфи фотографии - SelfieFeet.
Станува збор за еластична трака со магнет која се става на стапалото, а со која се управува со помош на далечински управувач преку Блутут.
Креаторите на SelfieFeet кажале дека сакале да понудат hands – free можност за правење селфи фотографии. Прицврстувањето на телефонот на стапалото било за нив најлогичното решение.
Освен тоа, селфи стаповите се забранети во некои ресторани, барови и музеи.
SelfieFeet едноставно се поставува на стапалото, потоа се прицврстува телефонот, а притисок на малиот далечински управувач е доволен за одлично селфи.
Благодарение на магнетот, телефонот може да се прицврсти и на метални површини. Траката може да се стави и на рака.
Цената на SelfieFeet изнесува 25 долари.
