СИЛОТЕР - Компанија за иновативни малтери - Македонија Денес

СИЛОТЕР - Компанија за иновативни малтери

Facebook Twitter Pinterest Linkedin Google + Email
Опомена!!!

МД: Со што се занимава компанијата Силотер?
С:
Силотер е компанија која се занимава со производство на градежни материјали која во изминатиот период прерасна во современа фабрика. Во моментов располагаме со палета на производи кои можат да се сретнат на нашиот пазар и тоа повеќе видови на готови малтери, полимерни бетони, градежни лепила, декоративни малтери, хидроизолации и бои во кои имаме иновативни формули.

Нашите производи ги исполнуваат најсовремените домашни и Европски градежни нормативи согласно со европските стандарди за квалитет.

МД: Што е ново и иновативно во компанијата покрај хемискиот состав на производите?

С: Силосната техника која што ја воведовме нуди складирање на материјалот заштитен од секаков вид на надворешни влијанија и континуиран квалитет на материјалот.

Целиот процес на работа на силосната техника ја поедноставува работата на градежните работници, ја намалува физичката работа на работниците и нуди комотност при работа.Оваа иновативна технологија ( No Dust ) овозможува од производство до апликација на градилиште да имаме целосно затворен систем,без прашина.

Особено сме горди на нашиот машински производ машина-мешалкаSilomatR25 кој ја олеснува работата на градежните работници, лесен е за употреба, има голем капацитет од 2,5 тони малтер на час и долг век на експлоатација. Истиот може да биде приклучен на 30 тонски силос и малтерот може да се транспортира до 40 m висина, со тоа е комплетно решен вертикалниот транспорт на поголемите градилишта.

 

МД: Што е следно што планирате да го воведете во Вашата компанија, па и во Македонија?

С: Самите си поставивме за задача за поедноставување на процесот на градење со воведување на брз систем на градење. При овој систем на градба се намалуваат работните саати за изведување на објектот и воедно избегнување на неколку фази при градба. Истиот објект ги задоволува стандардите од европска унија за термоизолација и сеизмика. Македонија се наоѓа во климатска зона 7 и за еден станбен објект од 100 м² корисна површина за греење и ладење на истиот ќе треба енергија од 2100 W/h.

Покрај тоа развиваме и нови производи, градиме соработка со Европски партнери на проекти од програмите за поддршка на иновациите и истражувањата од програмите Horizon2020 I COSME за користење на грантови.

Опомена!!!
Facebook Twitter Pinterest Linkedin Google + Email

Поврзани вести

Clicon е испириран од растечката потреба кај малите бизниси за...

Translate »