четврток, 9 февруари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Бизнис вести / Македонија / „Слатка мистерија“ во Општина Гази Баба- Тортијада 2017
Ви благодариме!

„Слатка мистерија“ во Општина Гази Баба- Тортијада 2017

Слаткарници и ресторани, кои професионално изработуваат торти, но и заинтересирани граѓани во категоријата аматери ќе учествуваат на 11-тата тортијада „Слатка мистерија 2017“ што ја организира Општина Гази Баба, а ќе се одржи во петок ( 10-ти фебруари).
Во ревијалниот дел, кој ќе се одржи во хотел Континетал, ќе учествуваат 50 аматери и професионалци од девет скопски општини, а на штандовите ќе има и бесплатна дегустација.
Официјалниот дел ќе почне по 20 часот, кога ќе бидат претставени натпреварувачите, ќе има лицитација на тортите и прогласување на победниците.
„Тортијадата“ ќе биде проследена со културно-забавна програма и настап на естрадни уметници и актери. Организаторот соопшти дека со собраните пари од продадените торти ќе бидат донирани на Центарот за деца со посебни потреби во населба Железара.

Може да ве интересира

Главниот град се подготвува за празниците: Во Скопје повеќедневна богата новогодишна програма

Со повеќедневна богата програма, исполнета со новогодишен базар, настап на „Поточиња“ и „Златно славејче“, а …

Translate »