Слоница која копала дупка дури 11 часа со својата упорност ги заинтригирала сите кои се нашле во нејзина близина, но кога виделе поради што не сакала да се откаже предизвикала воодушевување и почит од луѓето.
Познато е дека слоновите се едни од најинтелигентните и најемотивните суштества на планетата. Нивните семејни врски се толку силни и сложени што загубата на член на стадото го доживуваат лично како што луѓето ја доживуваат загубата на саканата личност. Токму затоа слоницата поминала 11 часа копајќи дупка во земјата, иако на прв поглед никој не може ниту да претпостави поради што.
Луѓето се собрале околу неа за да дознаат што прави, но многумина се откажале пред да дознаат, затоа што слоницата упорно копала цели 11 часа.
По тоа конечно од дупката излегло нејзиното младенче кој во текот на прошетката случајно упаднало во дупката. Среќни што се завршило добро, мајката и младенчето по се продолжиле по својот пат, не обрнувајќи им внимание на набљудувачите.