Smart Ladder - Македонија Денес

Smart Ladder

Facebook Twitter Pinterest Linkedin Google + Email
Опомена!!!

smartladderМД: Со што се занимава вашата компанија/стартап?
SL:Производство на паметни градежни скали. Тоа се алатки /помагала кои се користат за извршување на одредена работа во одредена висина во градежништвото и пошироко.

МД: Што е ново и иновативно во вашата компанија?
SL:Класичните градежните скали се алатки / помагала без кои неможе да се замисли градежниот процес првенствено, неопходни се за извршување на работата но тие имаат фиксни ногалки кои бараат перфектно рамна површина за користење, сите сме свесни дека во градежништвото такви услови се скоро невозможни затоа до ден денес по тоа прашање се импровизира насекаде во светот. Ние го создадовме производ со визија да му дадеме фитуристички пристап во дел од градежниот сектор односно да ја олесниме работата на работниците.

Новината односно иновацијата тука е тоа што нашите градежни скали се “паметни” односно во себе имаат вградено целосен систем на електроника во комбинација со механизам кои на скалата и овозможуваат да има флексибилни ногалки односно истата ги добива следниве карактеристики:автоматизација, нивелација, флексибилност и мобилност со што може да се користи во нерамен терен без да се импровизира под ногалките со тули или слични методи кои не се безбедни.

МД: Како сте задоволни од досегашниот развој и кои ви се плановите за во иднина?
SL: Ако имаме во предвид дека самостојно ја развивавме нашата идеја во готов производ , за тоа треба пред се време и труд, а ние веќе иако сме млада компанија целосно го завршивме производот детално со сите негови технички спецификации и подготвен е за сериско производство, презадоволни сме од досегашните резултати но кога сме кај производство тука веќе други фактори настапуваат на сила односно со други зборови потребни се финансии за да се произведува, правиме напори самостојно да финансираме одредена бројка во рамките на можностите, со кои резултати подоцна ќе ни помогнат за експанзија односно да привлечеме некој бизнис ангел или друга форма на ризичен капитал.

Кога сме кај иднината, зарем би имала такво име ако нема промени , ние сакаме тие промени пред се да се позитивни да придонесат за поефективен и поефикасен пристап на работата која ја извршуваат луѓето и компаниите, генерално кажано истовремено ние како еден мал тим на луѓе имаме за цел да лансираме нешто ново кое ќе стане неопходно решение затоа што работниците сеуште целосно не се ниту свесни дека имаат проблеми . моето лично истражување покажува дека работниците за најголемите и најчести проблеми при користење на класична градежна скала имаат третман , како тоа да е така одредено од природата, ние нудиме решение за тоа.

 

Опомена!!!
Facebook Twitter Pinterest Linkedin Google + Email

Previous article

FootballChat

Next article

Clicon

Поврзани вести

Clicon е испириран од растечката потреба кај малите бизниси за...

Translate »