За денес избравме шик комбинација за облекување.
За дамите предлагаме интересна комбинација во живи бои. Портокалово здолниште, жолта чанта, интересни кожени кафени салонки и дизајниран капут во азурно сина боја.
За мажите предлагаме темно сиви пантолони, бела кошула, модерна тенка кравата со сив елек, кус црн капут, светло сиви кожени чевли и црн шешир.