Семејство Холовеј, кое живее во Америка, седеле во предниот дел на куќата, кога нивното верно куќе се залетало на нивниот 18 - месечен син.
“Мојот син се играше во тревникот и одеднаш кучето полета на него. Навистина мислев дека ќе го изеде детето”, вели неговиот татко.
Но, набрзо сфатил за што се работи кога кучето запискало и почнало да скока. Што вушност се случило? Кучето видело отровна змија која одела кон детето и речиси била до неговата нога.
“Кучето ја фатило змијата навреме, а потоа таа му го гризнала вратот. Морав да му го тргнам синџирчето затоа што грлото му нарасна многу брзо.”
” Не се ни осмелувам да помислам што се можеше да се случи да не беше нашето верно куче таму. Нашето дете немаше да преживее.
Кучето сега е нашиот херој во семејството. Тоа се повеќе време поминува со детето.
Погледнете ја целата приказна во ова видео: