Пејачката која е 8 години во среќен брак одбрала венчаница за сите времиња. Паметите ли како изгледала Емина кога го кажала судбоносното да?
Пејачката Емина Јаховиќ која е речиси цела деценија во брак со турската пејачка ѕвезда Мустафа Сандал навистина знае што е вистинската среќа.
Мајка е на две прекрасни момчиња, Јаман и Јавуз, а често истакнува дека семејството и е на прво место и дека токму нејзините три мажи ја прават среќна.
Елеганција, едноставност и одмереност го дефинираат нејзиниот стил но и венчаницата која ја носеше пред 8 години кога на својот сопруг му се заколна на вечна љубов.