Два проблеми кои се предизвикано со зголемување на пренаселеноста во градовите се како да се користи просторот на продуктивен начин и како да се нахрани секој. Новиот дизајн концепт сугерира средства за решавање на овој проблем Во тој манир и архитектонското биро Aprilli Design Studio направи проект на Урбана небесна фарма (Urban Skyfarm) во фомра на облакодер кој обезбедува доволно простор за живеење со изобилство на простор за земјоделство.
Бирото Aprilli го проектирало облакодерот со цел да биде сместен во Сеул, Јужна Кореја, но тој може да биде направен во секој поголем град. Покрај обезбеден простор за одгледување на храна, тој би помогнал и во чистење на воздухот во градот, би ја генерирал чиста електрична енергија и обезбедил место за опуштање.
Примарната структура има голема област слично на корење во основа која дава стабилност и ја распределува тежината на облакодерот по тлото. Дел од стеблото се крева од корењата и се простира на осум вертикални гранки кои се споени заедно со решетките кои обезбедуваат конструктивно засилување.
Секоја гранка носи 60 до 70 полјоделски платформи, кои може да се опиат како лиснати делови од дрвото. Платформите се распределени колку што е возможно на поголема оддалеченост една од друга за да се обезбеди да добијат адекватна изложеност на сончевата светлина. Секоја платформа има систем на греење и ЛЕД кои создаваат „оптимални услови“ за земјоделство.
Проектот замислува користење на хидропоничен систем за одгледување на посеви, наспроти користење на традиционалниот пристап на одгледување во земја. Повисоките, надворешните делови од листовите ќе се користат како овоштарници и зеленчук на кој му е потребно повеќе изложеност на воздух и сонце, додека пониските, внатрешните појаси се замислени за билки кои може да напредуваат подобро во затворен простор.
Урбаната небесна фарма вкупно би обезбедила 144 450 квадратни метри површина, од кои 44 000 метри квадратни би биле посветени на надворешното одгледување на билките, а 9000 метри квадратни за внатрешно одгледување. Просторот во базата на структурата, помеѓу останатото, би се користел за пречистување на дождовницата и собирање на сивата вода која би се користела за процесот на одгледување, како и за преработка на храната која се производи и сместува на пазар.
Јавни простори и кафулиња се исто така вклучени во проектот, а покрај нив фотонапонската мрежа од 3200 квадратни метри на врвот на структурата ќе се користи за производство на електрична енергија. Видео снимката прикажува како би изгледала Урбана небесна фарма.