Секогаш не мотивирале со еден вид „мантра“ да не се откажуваме во животот што и да сме наумиле и по секој неуспех да продолжиме напред. И така бесконечно.
Како и секој човек од крв и месо и најголемите иноватори пред да ги откријат најдобрите изуми на сите времиња без кои денес не можеме да живееме, згрешиле и создале сосема бескорисни и глупави изуми. Во обидот да го достигнат совршенството многу генијалци имаат неуспешни обиди за креирање на иновации. Еве дел од тие смешни изуми:
- Томас Алва Едисон создал ужасна кукла од ноќните мори која зборува:
2. Дин Камен направил машина која ја вшмукува храната од вашиот стомак
3. Никола Тесла направил „земјотресна машина“ со ужасни несакани последици. Машината била наменета да предизвикува земјотреси. Вибрациите кои ги произведувала оваа машина, предизвикувале лаксативен ефект кај луѓето.
4. Нинтендо го создадоа чудниот и смешен „Виртуал бој“
5. Крајслер направиле грамофон за во автомобил кој бил потполно бескорисен. На секоја дупка или нераминина, престанувал да работи.
6. Ејпл направија бескорисен маус во форма на хокејски пак кој е навистина неудобен за држење и работа.
7.Томас Алва Едисон го направил електричното премногу звучно пенкало. Негова единствена работа било да прави душпчиња во хартијата.
8. Леонардо Да Винчи нацртал скици за несмасни чевли кои би се носеле на дожд.
9. Томас Едисон измислил и бетонско пијано кое вадело ужасен звук.
10. Клајв Синклер создал мало џебно телевизорче на кое батеријата му се трошела веднаш.
11. Џејмс Дајсон креирал нешто што било хибрид од количка и баскет наречено „Болбероу“
12. Александар Бел, изумителот на телефонот, создал чуден изум наречен „Цајнет“. Масивна летечка машина која првиот лет го завршила по само 200 чекори висина и се срушила.