За година дена во продажба би требало да се најдат водени балони кои се јадат, а кои ќе може да послужат како замена за пластичните шишиња и чаши.
„Ooho“ е одржлива замена за пластичните шишиња и чаши, направена со користење на натриум алганит смеса, земени од темни алги и калциум хлорид.
Овие балони ги направиле три инженери уште во 2014 година. Тие сега собираат пари, за да нивните балони кои се јадат излезат на пазарот. Балоните се целосно био разградливи и без проблем може да се изедат. Тоа се флексибилни пакети исполнети со вода, на кои можете да направите дупче и пиете директно од нив или да ги конзумирате цели.
Пакувањето е поевтино од пластиката и може да содржи било која течност. Секој балон содржи околу 250 милилитри вода и чини два цента.
Неверојатни тунели од иднината во кои автомобилите ќе се движат побрзо (видео)