World Lens е смартфон апликација на Google која ви овозможува да ја насочите камерата кон текстот и добиете инстант превод на екранот. Тоа делува навистина корисно кога престојувате во странство, особено кога ќе се сретнете со писмо или знаци кои не можете ниту да ги прочитате.
Google неодамна објави дека неговата свежа апликација го поддржува јапонскиот, што значи дека можете да појдете во Јапонија, да го насочите телефонот на „канџи“ (тамошното знаковно писмо) – кој има илјадници знаци – и да видите што ќе излезе.
Како што истакнува Google со едноставно фотографирање на јапонскиот текст добивате инстант превод од Google Translate апликацијата, но тоа не е се, затоа што World Lens прикажува превод во живо во момент додека го преместувате својот телефон наоколу. Уште подобро, тоа го прави и кога немате интернет врска.
мкденес / Иновации / ИКТ / ICT / Впери – и преведи! World Lens е една од најкорисните апликации кои некогаш сте ги виделе (видео)
тагGoogle World Lens апликација видео превод топ
Може да ве интересира
Не ги фрлајте старите компјутери, полни се со злато(видео)
Општо е познато дека електрониката се состои од различни скапоцени метали, вклучувајќи и злато. Токму …