Истражувањето објавено во магазинот “Journal of Evolutionary Biology“ покажа дека жените навистина ги привлекува брадата.
Во овој експеримент учествувале дури 8520 жени. На нив им биле покажувани фотографии од мажи, а тие ги оценувале и коментирале.
Сите кажале дека повеќе ги привлекуваат мажи со брада од оние уредно избричени кои не одаваат сигурност, а токму таквите „мазни“ мажи попрво би ги одбрале за кратки врски. За брак и долга врска мажите со брада ги сметаат за вистински избор затоа што ги асоцираат на зрелост и мажественост, но и на сигурност во секоја смисла.
Во прилог на нивното мислење доаѓа и следниот заклучок: влакната на лицето покажуваат дека мажите се полни со тестостерон. На поголем број мажи подобро им стојат бради, особено кога се во прашање познатите, па жените имале можност да ги видат во двете издание.