петок, 3 февруари 2017
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Lifestyle / Таа / Зошто Французинките се витки? Ви ги откриваме нивните најголеми тајни!
Ви благодариме!

Зошто Французинките се витки? Ви ги откриваме нивните најголеми тајни!

Ако некогаш сте се прашувале како жените од Франција успеваат да бидат витки во ерата на дебелината, одговорот го дава нутриционист д-р Кери Ракстон, која вели дека тајната е во следните пет правила.

* Без грицки - Еден од најголемите непријатели на витката линија се грицките, кои не мамат додека гледаме филм или ги користиме за да го залажеме гладот. Така килограмите само се лепат затоа што станува збор за празни калории. Ова многу добро го знаат Французинките и затоа многу ретко ќе ги видите да грицкаат помеѓу оброците.

* Црвено месо - Иако во последниве години е на листата на контроверзните намирници, црвеното месо е задолжително на менито на Француските жени. Јагнешко, говедско, свинско месо и тоа во комбинација со многу зеленчук.

* Јадат со пријателите - оброкот за Француските жени е настан. Наместо да јадат сами пред телевизор, што е една од причините за дебелината, тие одат на вечера со пријателите, каде што тие уживаат во секој мал залак. На работа, паузата за ручек ретко ја прават пред компјутер со сендвич.

* Готват – Тие не ја сакаат брзата храна и храната “за носење” и се трудат барем пет пати во неделата да јадат готвена храна, па макар тоа биле и тестенини.

* Овошје и зеленчук – Французите важат за гурмани и вистина е дека од време на време, ќе се почастат со кулинарски перверзии. Но, на дневна основа, Французинките се многу дисциплинирани, па на нивното мени има најмалку пет порции овошје и зеленчук (свежи, сушени или замрзнати).

Може да ве интересира

Да, има разлика: Еден детаљ на женските гради одредува колку сте пожелни?!

“Откривме дека пациентките кои имаат помали брадавици се високо рангирани и се смета дека имаат …

Translate »