Најчесто поставувани прашања и одговори за бизнис ангели
Информативен водич – Дел 7
Како еден претприемач може да најде бизнис ангели?
Од една страна бизнис ангелите се тешки за наоѓање, но кога еднаш ќе ги најдете, макотрпната работа се исплаќа. Поголемиот број на бизнис ангели не се видливи/јавни, но вообичаено, а и најлесно да се оствари контакт е преку ангел инвеститор мрежите (angel investor networks) како што се EBAN (European Business Angel Network); UK Business Angel Association, EMKICE-MBAN (Macedonian Business Angel Network) и многу други.
Неколку други места каде што можете да најдете ангел инвеститори се следните:
- Универзитети кои имаат програми за претприемништво. Овие програми обично генерираат големо ниво на бизнис активности. Луѓето кои ги водат овие програми, се во генерала во допир со неколку ангел инвеститори кои бараат добри идеи и звучни бизнис вложувања.
- Бизнис инкубатори кои нудат претприемнички пристап до споделени услуги и се изложени на професионална поддршка. Таквите инкубатори ја потврдуваат професионалната и претприемничка околина. Тие бизнис инкубатори можат да обезбедат формален или неформален пристап до ангел инвеститори.
- Клубови за вложувачки капитал во кои ангел инвеститорите се среќаваат формално. Ваквите клубови, кои не се јавно познати, може да бидат добро познати локално. Истите бараат интересни бизнис сектори во кои би вложувале. Постојат и федерации на ангели кои функционираат на сличен начин. Група на членови можат да инвестираат посебно или заедно во еден или повеќе бизниси. Заеднички држат инвестициски акции, ако ги има, во такви големи организации.
Зошто ми е потребен бизнис ангел?
Доколку сте претприемач во раната фаза на развјот на еден бизнис, немате финансии, а имате амбиции да го проширите вашиот бизнис, бизнис ангелот може да вложи дел од својот капитал како и да ви биде личен ментор. Предноста е тоа што бизнис ангелите со себе носат големо деловно и менаџерско искуство од областа во која инвестираат, изградена мрежа на партнери и капитал кои може да го вложат во проширувањето на вашиот бизнис. Мрежата на партнери и претприемничкото искуството на еден бизнис ангел е градена со години така да придобивките од соработката се повеќе од монетарни.
Што очекуваат бизнис ангелите од претприемачите?
Бизнис ангелите вообичаено инвестираат во повеќе фази и во секоја фаза во која инвестираат бараат удел во фирмата. Во првата фаза, очекуваат вообичаено од 5 до 25% удел. Во втората фаза на инвестирање, уделот оди од 25 до 45%, но никогаш не повеќе од 49%. На крај претприемачот треба да има развиено стратегија за излез која јасно ќе ја презентира пред ангелите. Бизнис ангелот сака да знае дека парите што ги вложил, ќе може да ги извади од фирмата после неколку години, вообичаено од 3 до 8 години.